Свет 03. јули 2020. / 18:47

СЗО: За две недели резултати од лековите кои би можеле да бидат ефикасни за Ковид-19

СЗО: За две недели  резултати од лековите кои би можеле да бидат ефикасни за Ковид-19

Светската здравствена организација во рок од две недели ги очекува првите резултати од клиничките испитувања на лекови кои би можеле да бидат ефикасно во лекувањето на пациенти со Ковид-19, соопшти денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Извршниот директор на СЗО за вонредни програми Мајк Рајан на прес-брифинг изјави дека не би било паметно да се предвиди кога вакцината против Ковид-19 би можела да биде подготвена за масовна дистрибуција.

Како што рече. иако кандидатот за вакцината би можел да се покаже како ефикасен до крајот на годината, прашање е колку брзо може да почне масовно производство.