Свет 11. март 2020. / 17:25

СЗО: Врелиот туш нема да помогне за заштита од корона вирусот

СЗО: Врелиот туш нема да помогне за заштита од корона вирусот

Светската здравствена организација (СЗО) издаде соопштение дека туширањето со врела вода не е мерка што ќе помогне во борба со корона вирусот.

Како што велат од СЗО, туширањето со многу топла вода може да предизвика само изгореници по телото.

Од СЗО потенцираат дека најефикасниот начин за заштита од корона вирусот е честото миење раце, затоа што на тој начин се спречува вирусите што евентуално ги има на дланките да се пренесат со допирање на очите устата или носот.