Свет 03. јули 2020. / 11:35

СЗО: Во текот на вчерашниот ден во светот имало 176.000 новозаразени со корона вирус

СЗО: Во текот на вчерашниот ден во светот имало 176.000 новозаразени со корона вирус

Во текот на изминатиот ден во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на корона вирус, а вкупниот број заразени сега веќе надмина 10,5 милиони.

Како што соопшти Светската здравствена организација (СЗО), најголем број на дневни инфекции во светот биле регистрирани на 29 јуни, кога имаше 189.000.

СЗО наведува дека вчера, на 2 јуни, во светот биле потврдени нови 176.102 случаи и дека вкупниот број на заболени сега се зголемил на 10.533.779 лица.

Оттаму додаваат дека досега од Ковид-19 умреле 512.842 лица.