Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, го оцени постојаното зголемување на бројот на смртни случаи од корона вирус низ светот како алармантно и трагично.
Во текот на последната недела бројот на смртни случаи се зголеми за над 40. 000, надминувајќи 123.000 – изјави Гебрејсус на дипломатскиот брифинг во Женева.
Генералниот директор потсети дека според СЗО во светот има околу два милиона потврдени случаи на корона вирус.