Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации Мајк Рајан денеска изјави дека е „тажно“ да се види како во Европа повторно расте бројот на новозаразени со Ковид-19 и оти владите мора да преземат одлучни чекори за запирање на епидемијата.
– Нема нови одговори, знаеме тоа што треба да знаеме, изјави Рајан на прес-конференција во Женева, додавајќи оти Европа мора да биде многу внимателна кога станува збор за масовни собири.
СЗО вчера пријави рекорден број на новозаразени во еден ден, кога во светот се инфицирани 338.779 луѓе.