Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека коронавирусот може да се пренесе во сите временски услови и дека нема причина да се верува дека студеното време е смртоносно за вирусот.
Снегот и дождот можат да го отежнат пренесувањето на вирусот од контаминирани површини, но пренесувањето на вирусот се одвива претежно од личност до личност.
Научниците стравуваат од студено време најмногу затоа што луѓето ќе поминуваат повеќе времево заеднички затворени простории каде што е олеснето ширењето на вирусот.
Инфекцијата е потешко да се пренесе на отворено, бидејќи свежиот воздух ги разбива и ги разнесува честичките на вирусот, но експертите предупредуваат дека без заштитна маска, вирусот може лесно да се пренесе на отворено и потсетуваат дека носењето маска и физичкото растојание се најдобриот начин да се спречи ширењето на вирусот, пренесува АП.