Тедрос Гребересус, директор на Светската здравствена организација, предупреди дека пандемијата се влошува.
„Иако пандемијата во Европа се чини дека стивнува, две третини од новите случаи на Ковид 19, доаѓаат од 10 држави во Северна и Јужна Америка и Азија“, рече денес Гребересус, известува лондонскиот „Гардијан“.
Тој предупреди дека релаксацијата е најголемиот непријател и апелираше до сите земји во светот да спроведат „активен надзор“ на епидемиолошката состојба.