Светската здравствена организација предупредува дека коронавирусот се шири сè повеќе меѓу помладата популација.
„Она што е различно сега, иако сè уште нема дефинитивни научни докази, е дека цивилните и здравствените власти пријавуваат голем број на нови инфекции кај младите луѓе“, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге за Би-би-си.
СЗО не сакаше да издвои ниту една специфична земја, но укажа на примери во Шведска, Ирска и Израел.
Во Шведска, кон средината на јуни, забележан е голем скок во нови случаи кај населението под 49-годишна возраст. Овие случаи се помалку присутни од тогаш, но во моментов возрасната група помеѓу 20 и 29 години има повеќе случаи на 100.000 жители од која било друга група во земјата.
Во Ирска, до 28 јули, скоро 60% од сите потврдени случаи на Ковид 19 беа пациенти на возраст под 45 години.
Во Израел се забележува пораст на нови инфекции како резултат на епидемијата во училиштата. Според најновите податоци, околу една петтина од случаите се регистрирани кај популацијата на возраст меѓу 10 и 19 години, а друга петина помеѓу 20 и 29 години.