Свет 19. јуни 2020. / 09:58

СЗО се надева на стотици милиони дози вакцина против Ковид-19 до крајот на годината

СЗО се надева на стотици милиони дози вакцина против Ковид-19 до крајот на годината

Светската здравствена организација (СЗО) изрази надеж дека до крајот на годината ќе бидат произведени неколку стотици милиони дози на вакцина против корона вирусот. Очекувањата се движат бројот на испорачани вакцини да достигне до две милијарди во текот на 2021 година.

Научниот директор на СЗО, Сумија Сваминатан, информира дека повеќе од 200 кандидати за вакцини се анализираат низ целиот свет и се водат десетина клинички испитувања.

Ако имаме среќа, ќе има еден или два кандидата пред крајот на годината, изјави Сваминатан на онлајн прес конференција.

Според неа, приоритет во вакцинацијата треба да бидат оние кои се на „првата линија“ – лекари и полицајци, потоа чувствителни луѓе како што се стари лица и, конечно, луѓе кои се најмногу изложени на инфекција во околината, домови за згрижување стари лица или населби каде што заразата лесно се шири.

Сваминатан додаде дека се надева дека во 2021 година ќе има две до три ефикасни вакцини.