Свет 06. јануари 2021. / 14:00

СЗО разочарана од одлуката на Кина да не дозволи влез на експертите

СЗО разочарана од одлуката на Кина да не дозволи влез на експертите

Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Геберјесус изјави дека е многу разочаран што кинеските власти не им дозволија влез во земјата на експертите за испитување на потеклото на Ковид-19.

Тој наведе дека дел од експертите веќе тргнале кон Кина, а на другите патот им е откажан во последен момент.

– Добивме уверување дека Кина ги забрзува внатрешните процедури за што поитно решавање на овој проблем, посочи Гебрејесус.

Тој истакна дека стапил во контакт со кинеските власти и оти мисијата е приоритет на СЗО и на меѓународниот тим.

Претходно беше соопштено дека кинеските власти не дозволиле влез на претставниците на Светска здравствена организација, кои треба да го истражат потеклото на Ковид-19 во кинескиот град Вухан.