Во изминатите 24 часа, 85 проценти од новите случаи се од Европа и САД, изјави пред новинарите портпаролката на СЗО, Маргарет Харис. На прашањето дали САД може да станат нов епицентар, Харис рече: „Сега гледаме големо забрзување на заразата во САД. Значи,го има тој потенцијал“.
Тие (САД) имаат голема епидемија, епидемија чиј интензитет се засилува, додаде Харис.
Најлошо е во Њујорк, каде што вчера имало 12.000 заразени, третина од вкупниот број во САД. Таму има скоро 100 смртни случаи од вкупно 560 Американци кои подлегнале на болеста Ковид-19.
Властите во Њујорк, американскиот епицентар на коронавирусот, го повикаа претседателот Доналд Трамп да прогласи национална состојба на карантин, но тој вчера најави „многу брзо“ отворање на деловните пазари.
Ваквите мерки за изолација донесени од Њујорк и државата Калифорнија мора да бидат објаведни низ САД“, рече градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио. „Екстремни мерки мора да бидат преземени, рече тој.
Скоро третина од Американците сега живеат во изолација. Државите Вашингтон, Мичиген и Ново Мексико се последни што им наредија своите жители да останат во домовите, а гувернерот на Калифорнија дури ги заостри ограничувањата.
И Де Бласио како градоначалник и Андреј Куомо како гувернер на Њујорк повторно ја повикаа федералната влада да им нареди на компаниите да произведуваат респиратори и маски за заштита, кои хронично недостасуваат во САД, како и во многу земји во светот.
Севкупно, глобалната пандемија забрзано се шири и се очекува нагло зголемување на бројот на заразени и мртви, од сегашните 334.981 заразени и 14.510 смртни случаи низ целиот свет, предупредува СЗО.