Светската здравствена организација предупреди дека постојано се појавуваат нови мутации во коронавирусот. Затоа тие ги повикаа земјите во Европа да ги засилат контролите врз мутациите.
Излезе дека новиот вид бил откриен на островот во септември. Веќе е откриен во Данска, Холандија и Австралија.
Од полноќ, новиот карантин е на сила во Лондон и делови од југо-источна Британија. Сите продавници, освен продавниците за храна, се затворени. Не работат ниту фризерските салони, ниту спортските сали. Забрането е посета на Лондон и Југоисточна Англија.
Постои строга забрана за патување од Шкотска до остатокот од Велика Британија.
До денес, нема докази дека новиот вид предизвикува поголема смртност или дека реагира поинаку на третманот.
-Кога вирусот го менува својот метод на напад, ние мора да ги промениме нашите методи на одбрана. Нема друга алтернатива, изјави Борис Џонсон.