Свет 23. мај 2020. / 19:45

СЗО предупредува на втор бран на Ковид-19 во Европа

СЗО предупредува на втор бран на Ковид-19 во Европа

СЗО ја предупреди Европа за втор бран на коронавирусот. Според СЗО, европските земји би требало да се подготват за вториот смртоносен бран на инфекцијата коронавирус.

Сега е време за подготовки, а не за славење“, изјавил денеска директорот на СЗО, Ханс Клуге, за британскиот магазин „Телеграф“.

Тој реагирал на ублажувањето на мерките против пандемијата во неколку земји. Регионалниот директор на СЗО изразил посебна загриженост поради можноста за ‘двоен бран на инфекцијата’.

Во тој случај, би можеле да имаме втор бран на Ковид-19 и сезонски грип или сипаници. Многу деца не се вакцинирани против сипаници. ‘Европските земји треба да го искористат времето за зајакнување на нивниот здравствен систем’, во што го вклучува и проширувањето на болничкиот капацитет“, предупредил Клуге.

Бројот на случаи заразени од коронавирус се намалил во Велика Британија, Франција и Италија, но, според Клуге, тоа не значи дека пандемијатасе приближува кон крајот.