Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека државите што имаат намера да ги ублажат преземените вонредни мерки за спречување на ширењето на корона вирусот, би требало прво да почекаат најмалку две недели за да ги проценат ефектите од таквата одлука.
Во препораката на СЗО се наведува дека сите земји треба да извршат ваква проценка пред да ги ублажат мерките за итни случаи.