Светската здравствена организација (СЗО) постигна напредок во преговорите со компанијата „Фајзер“ за вклучување на нивната вакцина против Ковид-19 во портфолиото на вакцини што ќе бидат дистрибуирани во посиромашните земји, изјави денеска високиот советник на СЗО, Брус Ајлвард.
– Ние сме во детални разговори со Фајзер. Веруваме дека ќе имаме пристап до тој производ многу скоро, рече Ајлвард на состанокот на извршниот одбор на СЗО.
Шемата за размена на вакцини на СЗО – Ковакс треба да започне со дистрибуција на вакцини во сиромашните земји и земјите со среден приход во февруари.