Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди државите ширум светот да не ги укинуваат прерано мерките што се воведени заради спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.
Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус наведе неколку неопходни критериуми до кои земјите треба да се држат пред да го разгледуваат укинувањето на мерките на социјална дистанца.
Првиот критериум е преносот на вирусот да мора да биде под контрола, а вториот е дека треба да постојат капацитети на здравствениот систем за откривање, изолација и лекување на пациентите.
Третиот критериум е ризикот од зараза во болниците и старските домови да се сведе на минимум, а четвртиот дека превентивните мерки мораат да бидат во сила и во училиштата и на работните места, наведе Гебрејесус.
Тој истакна и дека ризикот од увоз на болеста од странство треба да биде под контрола.