Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гребрејесус, изјави денеска дека бавното, одмерено укинување на рестриктивните мерки е клучно, затоа што скокот во нови случаи на новиот корона вирус во Јужна Кореја и Германија предизвикува глобална загриженост поради втор бран инфекции.
Укинувањето на рестриктивните мерки е комплексно и тешко – изјавиТедрос на брифинг.
Тој додаде дека Германија, Јужна Кореја и Кина имаат системи што ќе одговорат на какво било повторување на случаите, што не е случај со сите земји во светот.