Програмите за вакцинација нема да обезбедат колективен имунитет од пандемијата оваа година во светот, изјавиле неколку од здравствените експерти, истакнувајќи дека постои ограничен број на вакцините, особено во сиромашните земји, потоа истакнувајќи го проблемот за „довербата“ во вакцините и потенцијалните мутации на коронавирусот.
Дејл Фишер, шефот на Глобалната мрежа за предупредување и одговори на епидемијата со која што координира Светската здравствена организација, изјавил дека нема да се вратиме во нормала за брзо време.
Тој вели дека сите добро знаеме дека може да дојдеме до колективен имунитет и тоа ни е потребно во поголем број од земјите, но дека тоа нема да се постигне во текот на 2021-та година.
-Можеби постојат некои земји кои што би го постигнале тоа, но ниту тогаш ситуацијата нема да биде нормална, додал Фишер.