Светската здравствена организација (СЗО) објави дека Италија в недела би можела да го доживее врвот на епидемијата на корона вирусот. Ваквите изјави се резултат на анализата на бројот на новозаразени во таа земја.
Бројот на заразени и починати лица веќе не е во експоненцијален раст како порано и полека стагнира во последните три дена. Се чини дека строгите мерки што се применуваат почнуваат да даваат резултати.
Ова е многу позитивен фактор. Во некои региони се ближиме до точката на пад на кривата, затоа веруваме дека врвот ќе биде овој викенд. Мислам дека оваа недела и првите денови од следната се најважниот период – изјави Раниери Гуера, помошник-генерален директор на СЗО.