Свет 11. декември 2020. / 15:08

СЗО: Нуспојавите од вакцината против Ковид-19 треба да ги истражуваат самите држави

СЗО: Нуспојавите од вакцината против Ковид-19 треба да ги истражуваат самите држави

Светската здравствена организација, денеска, изјави дека државите кадешто се користи вакцината против Ковид-19 треба самите да ги истражуваат нуспојавите од истата.

– Сите потенцијални нуспојави од вакцините против новиот коронавирус се во надлежност на здравствените тела на земјите, кои ја користат вакцината, изјави денеска портпаролката на Светска здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис.

Таа додаде дека СЗО ги прегледува податоците од фазите на трите тестирања на вакцините на неколку производители.

– Вакцините се уште немаат дозвола (од СЗО) за употреба во итни случаи, бидејќи најважна работа е прво да се погрижиме за безбедноста, посочи Хари.