Свет 13. април 2020. / 22:04

СЗО: Новиот коронавирус е десет пати посмртоносен од свинскиот грип

СЗО: Новиот коронавирус е десет пати посмртоносен од свинскиот грип

Новиот коронавирус е десетпати повеќе смртоносен од вирусот на грип А (H1N1) што се појави во Мексико во март 2009 година, соопштија денеска СЗО, повикувајќи на бавно повлекување на карантинските мерки.

„Податоците собрани во неколку земји ни даваат појасна слика за овој вирус, неговото однесување и како можеме да го спречиме. Знаеме дека Ковид-19 се шири брзо и дека е 10 пати посмртоносен од вирусот што предизвика пандемија на грип во 2009 година“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус на виртуелна прес-конференција во Женева.

Според СЗО ако пандемијата на новиот коронавирус убила 115.000 луѓе ширум светот од нејзиното појавување во Кина во декември, грипот А (Н1N1) однел 18.500 животи.

Сепак, медицинското списание Лансет проценува дека бројот на смртни случаи е помеѓу 151.700 и 575.400.

Пандемијата предизвикана од вирусот А (H1N1) доведе до масовни кампањи за вакцинирање. Подоцна, западните земји, особено европските земји и СЗО, беа критикувани за прекумерно мобилизирање затоа што сезонскиот грип одзема животи меѓу 250.000 и 500.000 луѓе секоја година, објаснуваат од СЗО.

Шефот на СЗО рече дека на крајот на краиштата ќе биде неопходно да се развие и дистрибуира безбедна и ефикасна вакцина за целосно прекинување на пренесувањето.

– СЗО во моментов нема докази дека лековите за маларија, како хлорохин и хидроксихлороин, се ефикасни во борбата против коронавирусот, изјави Мајкл Рајан, директор на СЗО за управување со здравствени вонредни состојби.