Свет 18. април 2020. / 12:30

СЗО: Нема доволно докази дека антителата обезбедуваат имунитет од повторна инфекција со корона вирус

СЗО: Нема доволно докази дека антителата обезбедуваат имунитет од повторна инфекција со корона вирус

Eден од највисоко рангираните експерти во Светската здравствена организација, Мајк Рајан, изјави дека СЗО не е сигурна дали присуството на антитела во крвта обезбедува целосна заштита од повторени инфекции со корона вирусот.

Рајан објасни дека дури и ако антителата се ефикасни, мали се индикациите оти голем број на луѓе ги развиле и дека почнуваат да обезбедуваат таканаречен „имунитет на стадо“ кај поголеми групи од популацијата.

Голем дел од прелиминарните информации што ни доаѓаат сега, укажуваат на тоа дека прилично мал процент од населението се здобиле со антитела. Генерално нема докази дека повеќето луѓе во заедницата развиваат антитела – нагласува експертот на СЗО.