Светската здравствена организација (СЗО) во вторникот соопшти дека нема докази за поддршка на тврдењата дека корона вирусот е создаден во лабораторија и истакна дека вирусот е речиси сигурно дека потекнува од животно.
-Сите достапни докази покажуваат дека вирусот има животинско потекло и не е манипулиран или конструиран во лабораторија или на кое било друго место, изјави портпаролот на СЗО, Фадела Чаиб пред новинарите.
Таа додеде дека „најверојатно, неговиот еколошки резервоар го има во лилјаците, но како вирусот дошол од лилјаци кај луѓето, сè уште треба да се види и открие“, пренесува Алџезаира.
Коментарите доаѓаат откако САД ја обвинија Кина дека развива корона вирус во лабораторија во Вухан, што Пекинг категорично го негираше.