Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, порача дека новите мајки треба да ги дојат своите бебиња дури и ако имаат Ковид-19.
Како што истакна првиот човек на СЗО, придобивките за здравјето на бебињата што ги носи мајчиното млеко го надминуваат ризикот од зараза.
СЗО препорачува мајките кај кои постои сомневање или е потврден Ковид-19 да бидат охрабрени, како и сите други мајки, да почнат или да продолжат со доење – порача Гебрејсус.
Ваквата изјава на првиот човек на СЗО доаѓа во контекст на тоа што светот ја одбележува Неделата за подигнување на свеста за доењето.