Свет 19. август 2020. / 18:02

СЗО: Лицата на возраст од 20 до 40 години без симптоми го шират коронавирусот

СЗО: Лицата на возраст од 20 до 40 години без симптоми го шират коронавирусот

Лицата на возраст од 20, 30 и 40 години се повеќе го шират коронавирусот, а многу од нив не се ни свесни дека се заразени, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Западен Пацифик, Такеси Касаи.

Според Касаи, присуството на вирусот кај оваа возрасна популација, без симптоми на болеста, го зголемува ризикот од зарази на оние од високоризичните групи – постарите лица, хронично болните на кои им е потребна долготрајна нега и луѓето кои живеат во густо населени подрачја со лоши услови за живот.