Од светската здравствена организација (СЗО) соопштија дека отворениот пазар во кинескиот град Вухан одиграл голема улога во избувнувањето на пандемијата на корона вирусот минатата година.
Според СЗО, пазарот делувал како извор или евентуално како „засилувачко опкружување“. Агенцијата повика да се направат повеќе истражувања за целосно да се разјаснат околностите за стартот на пандемијата.
Пазарот одигра улога во настаните тоа е јасно, но не знаеме точно каква била неговата улога. Можеби станува збор за извор или засилувачки ефект или, пак, беше само случајност што беа откриени некои случаи во и околу тој пазар. Не е јасно дали живи животните, заразени добавувачи или клиенти го донеле вирусот на пазарот – изјави д-р Питер Бен Ембарек, експерт на СЗО за безбедност на храна и зоонотични вируси, кои преминуваат од животни на луѓе.
Бен Ембарек потенцира дека на истражувачите им била потребна една година за да ги препознаат камилите како извор на вирусот МЕРС, вид корона вирус што се појави во Саудиска Арабија во 2012 година и се прошири на Блискиот исток.
Она што е сега важно, што би било од голема помош, е да се дојде до вирусот пред неговото прилагодување на луѓето, вирус пред верзијата која сега ја имаме, бидејќи во тој случај ќе сфатиме како се адаптирал на луѓето и како се развивал. Кога станува збор за истрагите, Кина веројатно ја има сета стручност потребна за вакво истражување. Тие имаат многу квалитетни истражувачи – потенцира експертот од СЗО.