Свет 17. декември 2020. / 13:52

СЗО ја критикува Украина поради целосниот карантин

СЗО ја критикува Украина поради целосниот карантин

Директорот на Европската регионална канцеларија на Светска здравствена организација, Ханс Клуге, денеска во посета на Киев изјави дека целосниот карантин на Украина не е најдоброто решение за борба против Ковид-19.

-Ограничувањата се важни, но поважно е нивното почитување, соопшти тој.

Владата на Украина претходно најави целосен карантин со цел да го запре ширењето на новиот коронавирус што ќе биде во сила од 8 до 24 јануари, а исто така ја продолжи и вонредната состојба до 28 февруари. За време на карантинот ќе бидат затворени училиштата, универзитетите, но не и градинките. Ќе бидат затворени сите пазари, забранети се сите масовни собири, културни настани.

– Луѓето ги губат приходите и имаат потреба од макроекономска поддршка. Ако се затворат училиштата децата со попреченост нема да можат да имаат корист од дигиталните технологии. Истото важи и за луѓе со други болести како што се рак, кардиоваскуларни болести, на кои исто така им е потребен третман. Затоа е посоодветно да се користи помек и постепен пристап, нагласи Клуге.