Директорот на европската канцеларија на Свeтската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге, соопшти дека вo Европа има знаци за забавување на ширењето на вирусот Ковид-19.
Сепак, како што потенцира Клуге, и покрај тоа ситуацијата останува сериозна.
– И покрај тоа што ситуацијата и понатаму е прилично алармантна, почнуваме да гледаме охрабрувачки знаци – изјави Клуге на прес-конференција, што се одржуваше онлајн од Копенхаген.
Клуге додаде дека во Италија, која е европската земја со најголем број на инфицирани со корона вирусот, има мало намалување на новозаразени лица, но, сепак е рано да се каже дека пандемијата го достигнала врвот.
СЗО Европа, која е одговорна за територијата од Атлантски до Тихи Океан, територија каде што има 53 држави, веќе регистрала 220.000 заразени луѓе, од кои 11.987 починале.
– Приближно 60 проценти од инфицираните и 70 отсто од починатите од корона вирусот во светот се во Европа – наведе Клуге.
Тој додаде дека преземените мерки за сузбивање на ширењето на Ковид-19 придонеле за државите во Европа да добијат на време и да го намалат притисокот врз националните здравствени системи.