Свет 29. мај 2020. / 23:00

СЗО и 30 држави со иницијатива: Вакцината против Ковид-19 мора да биде достапна за сите

СЗО и 30 држави со иницијатива: Вакцината против Ковид-19 мора да биде достапна за сите

Триесет земји, предводени од Костарика и Светската здравствена организација (СЗО), почнаа иницијатива за споделување дијагностички алатки, лекови и вакцини како „јавно добро“ во борбата против глобалната пандемија на корона вирусот.

Вакцините, тестовите, дијагностика, третмани и други важни инструменти како одговор на коронавирусот мора да бидат достапни за сите, како глобално јавно добро – вели претседателот на Костарика, Карлос Алварадо.

СЗО изрази загриженост дека богатите земји, што издвојуваат огромни суми пари за развој на вакцини и лекови против Ковид-19, ќе се „протуркаат во почетокот на редот“, откако ќе се најде ефективен одговор на болеста и затоа ја почна иницијативата „Повик за акција за солидарност“.

Во моментов се работи на повеќе од 100 вакцини и лекови.