Свет 18. ноември 2020. / 21:41

СЗО: Физичката дистанца и честото миење раце ќе потраат уште најмалку 12 месеци

СЗО: Физичката дистанца и честото миење раце ќе потраат уште најмалку 12 месеци

Дејвид Набаро, , специјалниот претставник за Ковид-19 на генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Политико кажа дека епидемиолошките мерки како носењето маски, физичката дистанца и честото миење раце ќе потраат „уште најмалку 12 месеци, а можеби и подолго“.

– Поширока имунизација против коронавирусот нема да биде можна во Европа во следните 12 месеци, кажа Дејвид Набаро.

Тој оцени и дека пандемијата добива на сила но и дека не верува дека општествата ќе толерираат трет карантин следната година.

Изразувајќи неверување дека паричните казни за непочитување на мерките ќе вродат со плод, Набаро кажа дека довербата и самодисциплината е она што ќе нè чува следните месеци, додека да дојде вакцината.

Набаро жестоко го критикуваше пристапот на Европа кон пандемијата наведувајќи дека многу европски држави „заборавиле што е тоа јавно здравје“ и ги повика да се угледаат на источна Азија која многу подобро го контролира ширењето на вирусот.

Тој се осврна и на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од СЗО, кажувајќи дека „никогаш не ни сонувал“ дека светот ќе се најде во ситуација во која лидерите „намерно ги поткопуваат“ напорите за изборување со заканите.