Свет 30. март 2020. / 21:47

СЗО: Блокадите во Италија би требало да ја стабилизираат епидемијата на Ковид-19

СЗО: Блокадите во Италија би требало да ја стабилизираат епидемијата на Ковид-19

Блокадите и строгите мерки спроведени во Италија во текот на изминатите две недели треба да ја стабилизираат епидемијата на коронавирусот, но ќе биде потребно внимателно следење, изјави извршниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан.

Се надеваме дека Италија и Шпанија се речиси на тоа ниво, но вирусот нема да се повлече сам по себе, тој треба да се намали преку јавни здравствени напори, рече Рајан на прес-конференција.

Говорејќи за Италија, тој рече дека треба да се види стабилизација.

-Случаите што ги гледаме денес се одраз на изложеност од пред две недели, истакна Рајан.