Свет 19. ноември 2020. / 17:02

СЗО: Ако 95 отсто од луѓето носат маски нема да има потреба од карантин

СЗО: Ако 95 отсто од луѓето носат маски нема да има потреба од карантин

Нови мерки кои вклучуваат карантин во Европа може да се избегнат, а еден од можните начини да се постигне тоа е речиси сите граѓани да носат маски, изјави денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.

Тој на денешната прес-конференцијата рече дека „затворањето“ е крајната мерка.

„Ако 95 отсто од граѓаните носат маски, тогаш ‘затворање’ не би било потребно“, потенцираше Клуге.

Тој додаде дека основните училишта треба да останат отворени и додаде дека децата и адолесцентите не се двигатели на ширењето на коронавирусот и дека затворањето на училиштата не е ефикасно.