Оралната вакцина за полио, што сите ја добиваме како деца, би можела да се употреби за стекнување привремен имунитет против коронаворусот, тврди д-р Роберт Гало, светски познат американски виролог, во интервју за „Пи-Би-Ес“, што го пренесува познатата новинарка Кристијан Аманпур.
Д-р Гало се повикува на истражувања на руски научник, чиј син работи во Американската агенција за примена на храна и лекови. Тие истражувања покажале дека вакцината за полио е ефикасна за спречување на грип. Американскиот виролог верува дека ако се употреби орална вакцина за полио, таа би можела на организмот да му обезбеди имунитет и против корона вирус во траење од месец или два, а можеби и подолго.
Д-р Гало планира да спроведе тестирања на оваа метода во Балтимор и во Њујорк. Тој вели дека употребата на вакцината за полио, особено за луѓе кои веќе се вакцинирани, е целосно безбедна.
Американскиот виролог е коосновач и научен советник на „Global Virus Network“, мрежа од научници во светот кои разменуваат искуства во борбата против вирусите.