Свет 11. февруари 2021. / 12:53

Светски експерти: Наодите на тимот на СЗО во Вухан, се незначителни

Светски експерти: Наодите на тимот на СЗО во Вухан, се незначителни

Светските експерти истакнуваат дека наодите на СЗО, кои кинеските власти ги пренесуваат како нивна победа, се незначителни, бидејќи тимот помина само 12 дена во Вухан, а овој случај го проучија површно.

„Да се ​​каже дека тие имаат добри безбедносни протоколи и затоа вирусот веројатно не избегал од лабораторијата, според мене, не е одговор на нашето прашање“, коментира Марк Липсич, професор по епидемиологија на Хадвард.

Тој додава дека овонеделната истрага за потенцијалното потекло на вирусот во Вухах не е доволна за да се затвори приказната  и дека со тоа се согласуваат и неговите колеги.

Американската администрација смета дека истрагата не била независна и валидна.

На прашањето дали смета дека кинеските власти се доволно транспарентни кога станува збор за потеклото на вирусот, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс рече дека поротата сè уште не донело одлука.

„Соединетите американски држави ќе чекаат да биде објавен целиот извештај на СЗО, наместо да брзаат со заклучоци. Ние сакаме да видиме каде не’ водат конкретните научни податоци и ќе го засноваме нашиот став на тоа“, рече Прајс.

Кинеските власти велат дека постои реална можност епицентарот на пандемијата, всушност, да се наоѓа во друга земја. Тие препорачаа истраги да се спроведуваат и во други земји, пред се во САД.

Нед Прајс ја отфрла оваа изјава како апсолутна политичка „глупост“.

„Не мислам дека било која разумна личност би тврдела дека пандемијата започнала каде било освен во Кина“, изјави тој пред новинарите.

Во здравствените кругови, тие се согласуваат дека епицентарот бил Кина и дека вирусот започнал од лилјаци, па се проширил на луѓето преку индиректен животински вид.

Прашањето што се појави беше – дали Кина реагираше правилно, дали го туркаше почетокот на нова епидемија под тепих и со тоа не го запре ширењето, а една од повеќе споменатите тези е онаа за случајно ослободување на вирусот од лабораторија.

Сепак, експертите испратени од СЗО, по 12 дена поминати во Вухан, тврдат дека вирусот преминал од животни на луѓе и оти е малку веројатно дека вирусот случајно бил ослободен во светот од кинеските лаборатории. Покрај тоа, тимот на СЗО верува дека научниците од институтот претходно не работеле со варијантата САРС-КоВ2, која се прошири низ целиот свет.