Светската здравствена организација, по повод 7 Април, Светски ден на здравјето, чие мото годинава е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки“ испрати порака во која истакнува дека медицинските сестри и акушерките имаат многу важна улога во одржувањето на здравјето на населението во светот.
– Медицинските сестри и другите здравствени работници се во првите редови во справувањето со коронавирусот и во обезбедувањето третман и грижа за пациентите. Светскиот ден на здравјето ќе го потенцира сегашниот статус на медицинските сестри низ целиот свет. Светската здравствена организација и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за подобрување на нивните услови за работа – стои во пораката на СЗО.