Светската банка е подготвена да одобри 160 милијарди долари во наредните 15 месеци, со цел да им помогне на државите за задоволување на потребите во сферите на здравствената заштита и економското закрепнување, јавуваат Франс прес и Ројтерс.
Бордот на директори одобрил 1,9 милијарди долари за 25 држави, а работи на проекти за пружање помош на уште други 40.
-Се бориме да ги зголемиме капацитетите на земјите во развој да реагираат на пандемијата од Ковид-19 и да го намалиме периодот за економско и социјално закрепнување, изјави претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас.