Свет 30. август 2020. / 15:31

Светот низ бројки: Денеска е забележан најлошиот дневен биланс на заболени од Ковид-19

Светот низ бројки: Денеска е забележан најлошиот дневен биланс на заболени од Ковид-19

Индија регистрирала 78.761 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, што е најлош дневен биланс во светот од избувнувањето на пандемијата.

Претходно, најцрниот биланс беше забележан на 17 јули во Соединетите Држави, каде што имаше 77.638 новоинфицирани за еден ден.

Во Индија, вкупниот број на заразени достигна 3,5 милиони, а 63,000 починале од ковд-19, според индиското Министерство за здравство.