Свет 07. ноември 2020. / 20:47

Светот ја надмина бројката од 50 милиони заразени

Светот ја надмина бројката од 50 милиони заразени

Бројот на заразени со новиот корона вирус во светот надмина 50 милиони.

Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот бројот на случаите на заразување е зголемен на 50 милиони.

Во светот досега од последиците на Ковид-19 починаа 1,252,865 лица, се излекуваа повеќе од 35 милиони, а бројот на активни случаи изнесува повеќе од 13,2 милиони.

Од пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени САД, со повеќе од 9.7 милиони заразени лица и 242,417 починати. Според бројот на заразени, по САД следуваат Индија со повеќе од 8.4 милиони, Бразил со 5,5 милиони, Русија 1,4 милиони и Аргентина со нешто над еден милион случаи на заразување.

Според бројот на починати, по САД следуваат Бразил со 162.905, Индија 125.642, Мексико 95.167 и Велика Британија со 45.646 починати лица.

Вкупно девет земји забележале над еден милион случаи.