Свет 13. октомври 2018. / 09:58

Свештеникот Брансон се враќа во САД, се очекува средба со Трамп во Белата Куќа

Свештеникот Брансон се враќа во САД, се очекува средба со Трамп во Белата Куќа

Свештеникот Ендру Брансон се очекува денеска да пристигне со авион во воeна база близу Вашингтон и најверојатно истиот ден ќе ја посети Белата куќа, најави американскиот претседател Доналд Трамп.

,,Мило ми е што е враќа. Тој многу страдаше и многу сме благодарни на голем број луѓе”, изјави Трамп.

Во однос на прашањето дали ќе ги укине санкциите кон Турција, воведени поради апсењето на Брансон, Трамп рече дека немало никаков договор со Турција во врска со пуштањето на Брансон и укинувањето на санкциите.

Турскиот суд  донесе одлука за ослободување на американскиот протестантски свештеник Ендру Брансон чиј притвор предизвика дипломатска криза меѓу Анкара и Вашингтон. Судот во Измир го осуди Брансон на три години и еден месец затворска казна, но го ослободи земајќи го предвид времето поминато во притвор и доброто однесување во текот на судскиот процес.

Брансон живее во Турција 23 години. Тој беше уапсен во декември 2016 година, а на 22 јули годинава беше префрлен во куќен притвор.Брансон е осуден за делување во име на мрежата на проповедникот Фетула Ѓулен кого Анкара го смета за одговорен за обидот за пуч во јули 2016 година во Турција во име на Работничката партија на Курдите која Турција ја смета за терористичка организација.