Германците ќе мора да ги ограничат своите контакти и да ги сведат на минимум, изјави канцеларката Ангела Меркел, кога соопшти дека државниот локдаун против Ковид-19 ќе биде продолжен најмалку до крајот на јануари.
На членовите на едно домаќинство ќе им биде дозволено да се сретнат само со еден член од друго домаќинство.
Како и многу други европски земји, и Германија се бори да го спречи ширењето на вирусот. Велика Британија од вчера е во нов локдаун.