Свет 23. април 2020. / 20:34

Судот во Прага одлучи дека прогласеното ограничување на движење е незаконско

Судот во Прага одлучи дека прогласеното ограничување на движење е незаконско

Судот во Прага укина неколку рестриктивни мерки коишто чешката Влада ги одобри со цел спречување на епидемијата на корона вирусот.

Во образложението на пресудата Судот заклучи дека владините одлуки за ограничување на движењето и затворањето на малопродажните објекти е незаконско и пресудата е конечна.

Прашкиот суд ја донесе пресудата по жалбата на медицинскиот експерт Ондреј Достал, кој ја доведе во прашање законитоста на тие мерки.

Рестрикциите ги воведе чешкото Министерство за здравство.

Судот наведе дека ограничувањата би требало да ги усвои Владата како дел од кризните мерки во склад со правилата за вонредна состојба, додавајќи дека министерството нема право на тоа.

Владата има време до понеделник повторно да усвои мерки, овој пат во склад со законот.