Свет 04. јануари 2021. / 12:17

Судот во Лондон одлучи: Асанж нема да биде екстрадиран во САД!

Судот во Лондон одлучи: Асанж нема да биде екстрадиран во САД!

Радосни сцени ја поздравија одлуката на судијката Ванеса Барајтсер да не го испорача основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД, за да се соочи со обвиненија за шпионажа.

49-годишниот Асанж е обвинет за 18 точки, за хакирање на американски владини компјутери и објавување на доверливи воени записи, вклучително и видео запис за нападот со хеликоптер Апачи во Багдад во 2007 година, во кој беа убиени десетина лица, вклучително и двајца новинари на Ројтерс.

Во својата пресуда, Барајтсер рече дека правата на слободата на говорот не обезбедуваат „неограничена дискреција од г-дин Асанж да одлучи што ќе објави“.

Сепак, во одлука која шокираше многумина, вклучително и приврзаниците на Асанж и правниот тим, Барајтерс откри дека екстрадицијата ќе биде угнетувачка со оглед на менталното здравје на Асанж.