Најмалку еден сириски војник загинал во судир на американските воени сили распоредени во североисточна Сирија со владините сили на Дамаск.
Инцидентот се случил во близина на градот Камишли во североисточниот дел на земјата.
Откако почнало пукањето, американските војници побарале помош од воените воздушни сили на САД кои гаѓале позиции на сириската војска, по што американските сили се повлекле.