Свет 24. февруари 2021. / 19:03

Судија ја блокираше забраната на Бајден за депортација на мигранти: Нема оправдани причини за 100 дневна забрана!

Судија ја блокираше забраната на Бајден за депортација на мигранти: Нема оправдани причини за 100 дневна забрана!

Федералниот судија во Тексас Дру Типтон ја блокираше наредбата на американскиот претседател Џо Бајден да се забрани депортација на мигранти во следните 100 дена.

Одлуката на судијата Типтон ќе важи на неодредено време, јави Њујорк пост.

Државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, претходно напиша тужба против забраната за депортација, тврдејќи дека таа е неуставна и ќе и создаде значителни економски проблеми на таа американска држава.

Типтон, кого го назначи поранешниот претседател Доналд Трамп, и во јануари привремено блокираше една одлука на Бајден на две недели, бидејќи, како што објасни, новата администрација не му дала конкретни, оправдани причини за 100-дневната забрана.

Забраната на Бајден за депортација требаше да важи за секој мигрант кој влегува во земјата илегално и под услов да не биде обвинет за тероризам и шпионажа.