Научна студија објавена во медицинското списание „Лансет“, наведува дека Италија се соочува со драстичен пад на наталитетот до најниско ниво од создавањето на единствена држава на Апенинскиот Полуостров. Според проценките направени во студијата, населението на земјата би можело да се преполови до 2100 година.
Населението на Италија во 2014 година достигна 61 милион, а според експертите, до 2100 година земјата ќе има население од 30,5 милиони.
Според најновите податоци на италијанскиот Институт за статистика, бројот на новородени бебиња во 2019 година е 420.000, што е за 19.000 помалку од годината претходно, а бројот на починати во 2019 година изнесувал 634.000.
Од 2014 година досега, бројот на жители во Италија се намалил за 551.000, колку што приближно има население во Џенова, шестиот по големина град во Италија.