Маж е убиен во кино сала, за време на прикажување на детски филм во Полска, пренесуваат медиумите.
Телевизијата Н24 објави дека нападот се случил во градот Шчеќин, кога напаѓачот избодел двајца мажи со нож.
Портпаролката на полицијата потврди дека еден од двајцата мажи починал, објави АП.
Напаѓачот е веднаш уапсен, но мотивот на нападот не е познат.