Камерите за видео надзор во Лондон, успеале да забележат момент каде еден маж напаѓа девојка и се обидува да ја силува, но целиот немил настан добил среќен епилог.
Девојката излегла од градскиот автобус на станицата во источен Лондон, а позади неа со забрзани чекори се упатил маж околу триесет години кој успеал да ја собори на земја. Откако девојката успеала да стане, мажот и се приближил на девојката ја турнал до ѕид и ги спуштил пантолоните, а во тој момент жртвата успеала да го удри во стомак и да побара помош.
Тогаш еден автомобил застанал и возачот повикал полиција. После тоа, мажот забрзано избегал.
Видеото може да го погледните ОВДЕ.