Исламската група Боко Харам уби најмалку 15 луѓе во напад во селото Кофа, на североистокот на Нигерија.
Селото се наоѓа кај милитаризираниот град Маидугуриј, во кој владата настојува веќе со децении да ја искорени групата Боко Харам и Исламската држава во Западна Африка, пренесува Ројтерс.
Иако владта кон крајот на 2015 година објави дека Боко Харам е скоро победена, екстремистите и понатаму напаѓаат ширум Нигерија.