Свет 20. декември 2018. / 12:49

Страшно: Џихадистите од ИД убиле 700 заложници за нецели два месеци

Страшно: Џихадистите од ИД убиле 700 заложници за нецели два месеци

Во источна Сирија, терористите од Исламската држава погубиле скоро 700 заложници за нецели два месеци, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права во Велика Британија.

Како што соопштија од таму, жртвите се некои од 1350 заробени цивили и борци, кои ИД ги држи како заложници во областа во близина на границата со Ирак, пренесе Ројтерс.

Џихадистите контролираат мала копнена област источно од сириската река Еуфрат во близина на градот Хаџин.

Сириските демократски сили предводени од полицијата на сириските Курди, неколку месеци таму се борат против ИД со воздушна и специјална помош од силите на САД.