Авион се урна денеска во морето во близина на островот Јава, по полетувањето од главниот град Џакарта. Во вионот на индонезиската компанија Лајон ер, имало 189 патници и членови на екипажот, а засега не се знае дали има преживеани.
Боинг 737 исчезна од радарот околу десет минути по полетувањето, а весникот Стрејт тајмс објави дека летал на линијата Џакарта – Палканпинанг на островот Банка во Индонезија.
‘Debris’ spotted in waters off Indonesia.
On Monday morning, Lion Air #JT610 – carrying 188 passengers – crashed shortly after taking off from Jakarta.
(Tap to expand)
More updates: https://t.co/SrYhLopr3A pic.twitter.com/s86Jkqk7ak
— BBC News (World) (@BBCWorld) October 29, 2018
Најмалку 23 владини претставници биле во авионот, а Едвард Сирајт извршниот директор на Лајон ер, рече дека авионот за време на неодамнешен лет имал технички проблеми, но дека „биле отстранети во согласност со процедурата“.
Тој не прецизираше за каков проблем се работело, но истакна дека ниту еден друг авион немал слични потешкотии.
Во морето се пронајдени бројни работи на патниците, а се пронајдени и лични картички и возачки дозволи на некои од патниците.
Лајон ер е најголемата приватна авиокомпанија од Индонезија која работи на 126 аеродроми во Индонезија, Сингапур, Виетнам, Малезија и Саудиска Арабија.
Лајон ер е на листата компании на кои им се забранети летови во областа на Европската унија.
Според Би-би-си, меѓу патниците имало и две деца и едно новороденче. Покрај трите деца, имало 178 возрасни патници, како и двата пилоти и пет членови на екипажот. Вкупно 188 лица.
Во авионот имало 20-ина претставници од индонезиското министерство за финансии, кои се враќале од викенд.
Уште не е јасно што точно се случило. Авионот во еден момент побарал да се врати на аеродромот во Џакарта. Тоа му било овозможено, но потоа исчезнал од радарот. Се работи за нов, неколку месеци стар авион кој имал само 800 часа лет. Пилотите биле искусни.